речник контакт

Поројот од саботата со штети и во Велес

Однесени повеќе потпорни ѕидови и срушена напуштена куќа

Петар Печков

Поројниот дожд од саботата попладне и доцна ноќта предизвика штети и во Велес.  на неколку места во градот срушени се потпорни ѕидови, но и една куќа, која за среќа била ненаселена. Таа е на  улица Кочо Рацин. Засега нема пресметка колку штета е предизвикано. Но среќна околност е што при рушењето на овие објекти, немало во близина луѓе , па нема повредени.  Од локалната власт ја потврдуваат оваа информација.

Има  повеќе потпорни ѕидови срушени, неколку оштетено и една падната куќа.  Направен  е увид веднаш по настанот. Со првиот работен ден од неделава започнати се активности за санација. Посебно тешка е работата на ѕидот на улица Орце Мартинов, каде местото е  недостапно за механизација, па се што е паднато ќе се носи на раце. Таму е прекината комуникацијата со соседната улица Игманска - изјави градоначалникот   Славчо Чадиев. 

 Екипите на општината се на терен за да си лоцираат сите проблеми кои се јавија од обилниот дожд, кој во саботата го зафати Велес, како и цела Македонија.  

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »