речник контакт

Портрети на македонски поети за јубилејот 75 години Бели мугри (фото)

15-тина македонски поети се претставени со дел од нивната поезија пред велешани. Така Гимназијата му оддава почит на нивниот патрон

Петар Печков

Со поетски читања и портрети на познати македонски автори, Гимназијата Кочо Рацин и локалната власт на Велес, одбележуваат 75 години од печатењето на стихозбирката ,,Бели мугри,,.

Овие настани се одржуваат на различни културни простори во градот, а поезија читаа актери од велешкиот театар и ученици од Гимназијата.  Свој настап имаат и гости -  музичари од познати велешки групи.

Поетските претставувања на значајни македонски автори   се реализира од 7-ми до 25-ти ноември, во кој период Рацин ги дава ракописите во Самобор  Така симболично  пму оддаваме почит преку овие поетски читања на познати македонски поети, на нашиот патрон Кочо Рацин и неговото без временско дело ,,Бели мугри,, . Во овој проект вклучени се сите ученици и професорите по македонски јазик -  изјави Јовица Темов професор по македонски.

Читањата се одржаа во Народниот музеј, во црквата Св. Пантелејмон, куќата на Касапови, куќите на Џинот, Главинов. Во досегашниот период претставени се  Анте Поповски, Гане Тодорвски, Ацо Шопов, Радован Павловски, Блаже Конески  а следат на Михаил Ренџов, Јован Котевски,Веле Смиелвски,Елена Христова и починатите велешки поети Ганџо Хаџи Панзов, Коле Неделковски и Тихо Најдовски .

Завршницата на поетскиот маратон е на 25-ти ноември во салата ,,Бели мугри,, кога треба да учествуваат бројни македонски поети со нивни творби, но и да се чита поезијата на Рацин.  

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »