речник контакт

Портрет на поетесата Јанчевска во ДПМ

За творештвото на Јанчевска во Скопје, зборуваа Игор Крајчев и Павлина Климкар Меанџиева

Петар Печков

Во Друштвото на писателите на Македонија денеска   на пладне, во 12 часот  се одржи портрет на писателката Македонка Јанчевска. Средбата  ја отвори Стојан Тарапуза, а за творештвото на Јанчевска  зборуваа Игор Крајчев и Павлина Климкар Меанџиева. Програмата  ја водеше Андријана Коровешовска.

Портретот на Македонка Јанчевска се одржа во рамките на програмата на Клубот на писателите за деца "Ванчо Николески" што неодамна го формира Друштвото на писателите на Македонија.

Македонка Јанчевска е доајенка на ДПМ на планот на литературата за деца.  Автор е на десетина книги за најмладите и е добитник на наградите 9 Ноември" на градот Велес, каде што живее и создава, и Ванчо Николески" за најдобра книга за деца. Таа долги години ги раководеше Детстите Рацинови средби.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »