речник контакт

Порцеланци барат стечаен надоместок за сите со 25 години стаж

30-тина некогашни порцеланци реагираат, дека ги нема на списокот за паричен надомест иако имаат 25 и повеќе години стаж

Петар Печков

Група од 30-тина некогашни вработени во велешка порцеланка  протестираа во центарот на градот. Тие се огорчени затоа што иако имаат 25 години стаж и право на паричен месечен надоместок, ги немало на списокот, биле одбиени. 

Нивната реакција доаѓа откако пред некој ден министерот за труд и социјала Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, дојдоа во Велес и најавија дека  по пет годишно талкање низ државните институции порцеланци имаат право на стечаен месечен надоместок, за сите што имаат повеќе до 25 години стаж.

Бевме и побаравме да добиеме паричен надоместок. Не одбија не сме биле на списокот. Не ни кажаа зошто. И ние како и останатите 70-тина колеги кои добија,  ни следува според Законот за материјално обесштетување, месечен надомест за стечајци. Таму вели да имаме повеќе од 25 години стаж, а ние тоа го исполнуваме како и тие  што добија.. Поднесовме  барање како и останатите во август 2008-та, но потоа не тужевме. Без разлика дали сме поднеле тужба или не, не  гледаме правни пречки да добиеме средства. Нас ни следи со Закон а не некој да си толкува како што му одговара. Треба ли сега пак да одиме по судови и губиме време и нерви а немаме ниту едно, ниту друго, најмалку пари  – изјавија стечајците.

Тие ги покажаа нивните  барања и решенијата со кои пред пет години од Агенцијата за вработување биле одбиени. Велат дека секој имал некоја причина поради која не поднел тужба, едни болни, други отсутни до градот, трети немале контакт со колегите, но очекуваат дека правно и нив  им следи паричен надоместок во висина од 7,4 илјади денари.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »