речник контакт

После седум децении од изградбата, реновирана внатрешноста на Здравствениот дом во Велес (фото)

Комплетно се реновирани просториите на службата на Итна медицинска помош

Петар Печков

После седум децении Брзата помош во Велес започна да  работи во нови, реконстуирани простории. Тие изминатата половина година беа обновени како и внатрешноста од просториите на ЈЗУ Медицински центар Велес. Тоа е инвестиција од седум милиони денари, сопствени средства и е прва обнова откако зградата била изградена во 1949-тата година. 

При ова наша активност акцент ставивме на просториите од Итната медицинска помош, која е комплетно реновирана. За потребите на пациентите на здравствениот дом,  поставивме лифт за да може лицата со инвалидитет да ги користат нашите услуги. Овие месеци се комплетиравме и во Итната помош, каде се вработени нови пет млади доктори така што вкупната бројка е 13 екипи а со донација од Ротари клубот од Велес, набавен  е нов медицински мебел   - рече директорот   на ЈЗУ Здравствен дом Велес, Николче Димовски.    

Тој изрази благодарност до Јапонската амбасада, за вчера потпишаниот грант од 37 илјади евра, со кој тие ќе набават две  нови амбулантни возила. Службата на Итната помош од Велес ги покрива териториите на три општини  Велес, Градско и Чашка и за да дојде до одалечените села Ореше, Папрадиште, Нежилово, Чичево, Подлес, здравствените екипи мора да патуваат и по повеќе од 60 минути за итните случаи.   

На настанот присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче. Тој се сретнал со директорите на здравстените институции од Велес.  ЈЗУ Општа Болница Велес, од каде било побарана финасиска помош за да се изврши реновирање на Инфективното одделение како и  уште едно возило за транспорт на пациенти од велешка Болница кон скопските клиники. 

Од директорот на ЈЗУ Болница за белодробни заболувања ,,Јасеново,, било побарано нови вработувања, оти таму кубуреле со кадар.

Министерот Филипче најави дека ова прашање ќе биде решено, но по завршувањето на претседателските избори, оти сега нема можност за нови вработувања, додека Болницата амбулатно возило ќе добие до крајот на годината.  

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »