речник контакт

Пословици од Велес

Запишани од Јордан Читкушев...

Петар Печков


Кога дава Господ не праша.

Кого го стра од врапци не сее просо.

Кога ќе се скрши колата триста ти патишча нафиле.

Криво седи, право суди.

Кротко како јагне.

 Кротко како Божја бубалка.

Кротко, кротко та заборавено.

Крушата пом круша паѓа.

Крсти го в’лкот ако немаш работа.

Лага со опашка.

Лага со рогови.

Лаж Петко.

Лаже како Еѓуптин.

Лажи Богородица.

Лани баба умрела годинава се смрдела.

Легнал како вол.

Лекот е една пара, ама кој го знае.

Лесен та отнесен.

Летно лејненце – зимна понуда.

Лисица на пазар не оди.

Лозјето сака мотика, нејќе молитва.

Лоши арни - тија сме си.

Лоши арни – наши сме си.

Лут како змија осојница.

Магарешки инат има.

Мажот со кола да носи, а жената со игла да изнесуе пак ќе го наваса.

Мажила се мома, да не седи дома.

Маж како петелот наш.

Мазна акако ренде.

Мала работа, голема страмота.

Мајсториа кози пасе.

Мачка риба не јаде.

Мечката од гората се учи, а не човек.

Мек како бубаќ.

Мижи Асан да ти бајам.

Мили гости на леп и сол.

Ми се исра на устата.

Мижи Асан да те лажам.

Многу се денови, малце се кобаси.

Многу му сече тиквата. (Не знае ништо).

Многу ја кренал главата, ама да видиме кај ќе му излезе крајот. (За горделив).

Му дојде умот, ама појде кумот.

Му раѓа главата. (Кога разбира нешто).

Му кинисало како на ракот.

Му фаќа раката.

Му сече тиквата. Или:

Му сече црпката. (Кога одбира од нешто).

Му се радујат како на црвено јајце.

Му завил крајот. Или:

Му пушчил крајот, ама да видиме до дека ќе ја испаттиса.

Му изгорел газот.

Мртва уста да касне. (За убава храна или др.)

Мрси Петко до среда.

На ти слепче очи.

На гладниот ситиот не веруе.

Науката е четири очи.

На ајрлија чедо пари не требат, на ајте’з – ич.

На зенгинјот додека да му дојде кефот, на сиромајот ќе му излезе душата.

На фалени јагоди со голема кошница.

На крсатавичар, краставици не продавај.

Наведена глава сабја не ја сече.

Нашол и зашол.

На аризан коњ забите не му се гледаат.

На таква глава, таков брич.

Нашол црква дека да се крсти.

На секоја манџа и црн пипер.

Направи врат како кумановски питач.

На земја не нагазуе.

Не питај старо, ами патило.

Не пушчат го в село, праша за попоата куќа.

Не му чукат дванајсе. (За луд човек).

Не е цвеќе да го миришнеш.

Не учи старци да макаат залци.

Не може на магарето, ами на самарот.

Не е болка за умирачка.

Не умри коњу до зелена трева.

Ни лук јал, ни лук мирисал.

Никој не се родил учен.

На свиња ѕвонец.

На магаре седло.

На готови деца ској бива татко.

На туѓи мртофци не плачи.

Не е косено, ами стрижено. (Една жена се инатила така. Одела со мажа си покрај една ливада. Мажот ји рекол: „Види жено, ливадава како ја искосиле.“ Арно ама она, како била ногу инатчија, за да биде незиното му рекла: „Море не е, бре мажу, косена, ами е стрижена.“ Он како видел оти она ашиќере му прави инат се разлутил и ја бутнал у реката. Она от што била инатчија, реката зело да ја носи и да се дави, пак да направи инат извадила едната рака от водата и зела со двата прста да кажуе на мажа си, како шчо сечат ножиците, демек ливадата била стрижена. Така правејќи водата ја одвела и се удавила, ама от шчо знајала не останала. „Туу, ама инатчија жена, рекол мажот ји, се удави и от шчо си знаеше не падна подоле – страшен инат“.

Не прашат шчо си бил,  ами шчо си сега.

Не буричкај гомно, да не ти смрди.

Не можеш на сијот свет да погодиш.

Нов ден – нова навака.

Нужда ради – закон изменјава.

Нуждата го натерала сичко да прави.

Огин и барут на едно место не стојат.

Озгора мазно, оздола азно.

Ов легни, ов стани, цел зелник не дигни.

Ов леле за тебе, ов леле од тебе.

От ат на магаре.

От коња на кантара.

От дож на грат.

От ден нема нишчо.

Од старо дрво обрач не се прави.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »