речник контакт

Постојните кружни текови се најдоброто можно решение -тврди Коцевски

Велешани реагираа дека кружните текови се преголеми, сега дека се премали

Петар Печков

Кружните текови во Велес со години тема на велешани,  за расправа со локалната власт. На  претходната, велешани и забележуваа  дека кружните текови се преголеми, на сегашната дека  реагираат дека се премали. Во недостаток на независно стручно лице, кое ќе каже за димензиите на кружните текови, граѓаните се во дилема, кога и дали се зборува вистината, дали секој градоначалник си го толкува законот за себе.  Градоначалникот Аце Коцевски вели дека сообраќајното решение е проектирано од врвен сообраќаен експерт, имало  позитивна ревизија и добиле  сообраќајна согласност од МВР.

Се работи за различни видови на кружни текови. Има правилници кои ја регулираат таа материја и точно се знае  за каков вид на сообраќајница, колкав треба да биде радиусот или дијаметарот на кружницата. Тие на влезот и кај Авона, а уште поголем ќе биде тој кај семафорите кој ќе го градиме,  се големи  кружни текови, додека овие малите служат за насочување на сообраќајот. Истиот проектант кој ги проектирал кружните текови во Кавадарци, Кичево, кои некои ги посочуваат за пример, ги проектираше и овие во Велес. Најприменувано решение во Европа   се кружните текови. Големите возила можат да минат преку малите, затоа се прават и ниски. Ова се најдобрите решенија во овој момент. Мораме да ги менуваме лошите навики  - кажа  Коцевски потенцирајќи дека решенијата се многу доби и граѓаните без да ги знаат прописите коментираат. Градоначалникот како проблем,  како недостаток во сообраќајот во градот, наведе две причини.

Немаме се уште изградба на катна гаража и не е започнато зонското паркирање. Катна гаража би се градела на местото до паркингот спроти Бирото за вработување и тоа ако успееме да го донесеме ДУП   до изборите, потоа да почнеме со изградба. Зонското паркирање би започнало за неколку месеци. Тогаш се би дошло на свое место   - смета Коцески.  Тој  се осврна и на поставените пластични столпчиња пред пешачките премини.

Безбедноста пред се на децата е многукратно  зголемена. Возачите требаше да знаат дека пред 10 метри пред пешачки е забрането паркирање,   исто како што е забрането паркирање пред крстосници, но некои од нив тоа не го практицираа - кажа Коцевски.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »