Петар Печков
Објавено: среда, 24 ноември 2010
Тој доби единствена максимална казна затвор откако судскиот совет од Основниот суд во Велес му изрече вкупна казна од 29 години затвор, но неговата младост и можноста за рехабилитација му овозможија да мине со пониска казна. Тој беше прогласен за виновен за силувањето и убиството на Стефка Јорданова ( 78 год) и за силувањето на Грозда Милошева ( 75 год), како и за по две разбојништва и две тешки кражби извршени во домовите на стариците.
Асановски на почетокот од судењето ги призна извршените дела а убиството на Јорданова го припиша на неговата вознемиреност. Освен признанието на Асановски како материјални докази дека тој е сторителот на сите кривични дела беа обезбедени и ДНК профилот на обвинетиот кој бил идентичен со биолошките траги најдени на селотејпот со кој Грозда била залепена да не вика, со ракавиците со кој се вршени грабежите како и со спермата најдена кај починатата Стефка Јорданова.
Психијатрите кои извршиле вештачење над Асановски потврдиле дека тој во двата случаи на први октомври и на пети декември минатата година, бил пресметлив и свесен за неговите сторени дела.
Често одев во интернет, во кафулиња, кафеани и ми требаа пари а нив ги немав. Затоа и ги сторив делата, поради парите. Кај Јорданова ден претходно бев ангажиран со мојот коњ да и ги донесам бетонските столпчиња од лозјето. Вечерта кога минев, бидејќи немав пари решив да влезам. Не најдов ништо. Заборавив да и ја одврзам устата по чинот, бев збунет, иако слушав како дишеше, ја оставив да почине. Кај Милошева. кога влегов таа ме виде и прашуваше ,,Кој си ти, кој си ти, што бараш?,,. Откако не најдов пари и ја ставив перницата врз глава, но тогаш почувствував дека во нив има нешто шушкаво, ја искинав и најдов 14 илјади денари. Ги земав и заминав. Со нив си купив мобилен од 10 илјади денари а другите ги потрошив во кафеана – објаснуваше Асановски при сведочењето на судскиот процес.
Тој бил регистриран наркоман и уживател на опојни дроги. Старицата Грозда Милошева која ја силуваше и ограби е бабицата која го породила и му помогнала да дојде на свет. Тој кога влегол кај неа и рекол,,Вчера ја доби пензијата, дај ги парите,, Неговиот адвокат побара од судот како олеснителна околност да се земе предвид младоста на сторителот 19 години, дека тој е уште не дооформена личност, како и тоа дека доминантен мотив за сторените дела биле кражбите и противправното присвојување на материјални добра.
Tweet |