речник контакт

Потенцијал за развој на Повардарието

Кои се петте сектори кои се приоритетни за развој на Вардарскиот плански регион

Петар Печков

 

Прехранбената индустрија, лесно преработувачката, виното и туризмот се носечките стопански гранки во Повардарието. Ова го покажала анализата која измината половина година е извршена во Вардарскиот плански регион, користејќи ги статистичките податоци и извозот. Анализата е стратешки документ, чии мерки ќе бидат искористени од институциите и од самиот бизнис сектор за развој.

 

Трпезното грозје, производството на вино, производството на месо и месни производи и лесната преработувачка индустрија се петте сектори со најголем потенцијал за развој во овој дел од Македонија. Винскиот и транзитниот туризам се голем потенцијал кој не смее да се потцени, туку напротив во него да се инвестира. Предложени се можни мерки, кои се во надлежност на локалните и регионалните институции, а треба да се преземат, за развој сите овие пет сектори - рече Александар Бузалков директор на Вардарскиот плански регион.

 

Заради расчистување на евентуалните дилеми, Бузалков појасни дека во лесно преработувачката индустрија во регионот спаѓаат лесна метало -преработувачка, керамичката и текстилната индустрија. Студијата е изработена со учество на повеќе институции, невладиниот сектор, компании, Стопанска комора, локалните власти.

 

Со проектите кои ќе се изработат од неа, заинтересираните ќе можат да аплицираат пред различни европски фондови. Во Ликовниот салон каде се одржа презентацијата, беа поставени дел од услугите на велешки компании.

 

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »