Петар Печков
Објавено: вторник, 03 декември 2013
Велешкото основно училиште за деца со посебни потреби Маца Овчарова на денот на лицата со хендикеп, 3-ти декември доби две донации. Германската амбасада подари Дигитален логопедски сет за децата со пречки во говорот а за деца од аутизам Инервил органзиацијата подари светлечка лед завеса. За возврат децата од оваа образовна институција одржаа изложба на ликовни и керамички дела, кои ги изработија изминатата година.
И додека повеќето надлежни институции се сеќаваат на овој ден за децата со посебни потреби, невалидните бараат рано дијагностицирање на здравствените проблеми.
За жал имаме бројни случаи на деца со пречки во развојот, со церебрална парализа во Македонија. Затоа е потребно да се формира Центар каде веднаш по раѓањето ќе биде познати дали детето има церебрална парализа и веднаш потоа брзо да се почне со негова рехабилитација. Сите како граѓани и држава треба да им помогнеме на овие семејства, бидејќи тоа е неопходно и итно. Да не бидат оставени сами на себе - порача Далиборка Златева од Здружението на лица заболени од церебрална парализа.
Тие одржаа хуманитарен концерт а собраните средства ги наменија за десетгодишиниот Стојанче Димовски, кој замина за Кина каде се лекува и очекува дека ќе може сам да се движи.
Tweet |