речник контакт

Пофалби и критики за работата во велешката Болница

Велешани можат да даваат пофалби и критики за добиените услуги во Болницата

Петар Печков

Во велешката  Болница   поставени се кутии  каде пациентите можат да ги доставуваат нивните забелешки, пофалби за работата на докторите и  персоналот но и  предлози за работата во оваа здравствена институција.  Ова е  во рамките на Кајзен проектот на Министерството за здравство, кои поставија пет кутии , преку кои ќе ги добиваат   сугестиите за добиените услуги во јавните здравствени установи во Велес. Тие се поставени до петок, по што писмените забелешки ќе бидат разгледани од министерот Тодоров  заедно со неговиот тим на професори и други соработници  и ќе работат на нивна практична реализација.

Целта на овој проект е надлежните од Министерството за здравство да остварат непосреден контакт со граѓаните односно пациентите и да ги сослушаат нивните потреби, за да потоа ги подобрат условите за работа односно на услугите на пациентите -изјавија од  Министерството за здравство. Од таму најавија дека министерот Тодоров следната седмица пет дена ќе престојува во Велес и ќе ја следи работата во Болницата. Пациентите можат забелешки да испраќаат и по електронски пат на адресата      

kajzenveles@zdravstvo.gov.mk

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »