Петар Печков
Објавено: недела, 15 декември 2024
Во автобус на градски превоз, саботата наутро бил пронајден починат патник. Велешката полиција со деталите од настанот.
„На 13.12.2024 околу 6.40 часот во СВР Велес било пријавено дека во возило на градски превоз во Велес бил пронајден починат С.С.(60 год) од Велес. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство“ – соопшти Биљана Ѓаковска портпаролан СВР Велес.
Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
Tweet |