речник контакт

Почина планинар кој падна кај изворите на Бабуна

Атанас Лијасовски (24 год)паднал додека ги искачувал водпадите на Бабуна. Починал пред неговата девојка, која била дел од екипата која заминала на Чеплес

Петар Печков

Дваесет и четири годишен скопјанец Атанас Лијасовски планинар аматер почина по падот  кај изворите на реката Бабуна, информираше полицијата. Рекреативната прошетка на Атанас, неговата девојка и друштвото од Скопје била кобна по  Лијасовски.

Тој бил во група од планинари аматери од Скопје и Битола, кој викендот одлучиле да го минат во Планинарскиот Дом Чеплес.  Попатно, искачувајќи се кон домот, каде требало да преноќат одлучиле да ги видат  изворите на реката Бабуна и водопадите кои се природна убавина. Сведоците објаснуваат дека кога стигнале кај водопадите, Атанас и други млади  почнале да се искачуваат по  карпите Водопадот е висок околу 20-тина метри

Момчето започна да се искачува по карпите. Не знам дали досега имал искуство, но камењата беа прекриени со мов, влажни. Кога беше при крај со искачувањето се лизна и падна. Со главата удри на  камен. Бидејќи местото е во дупка, нема покриеност со мобилна мрежа, требаше еден час да излеземе и да пријавиме на полиција. Хеликоптерот и специјалците бргу стигнаа,  го кренаа и заминаа за Скопје. Сето ова се случуваше пред очите на  неговата девојка, која беше во шок – вели еден од сведоците на несреќата. 

Таа се случила во саботата  околу 14,15 часот,  на неколку стотини метри пред изворите, додека групата  се пробивала да  ја посети оваа природна реткост.   Кога Лијасовски бил пренесен во Скопје поради тежината на повредите, тој веќе бил починат.  Телото е предадено на обдукција, за да се откријат кои повреди биле фатални за младиот скопјанец.  Несреќата ја потврдија  и од СВР Велес.

Постарите планинари  не помнат дека  на пат кон изворите и на водопадите на Бабуна се случил инцидент со смртни последици,иако оваа патека ја минуваат и рекреативци. Но тие се чудат зошто имало потреба планинари аматери, да се искачуваат  по карпите кај водопадите, бидејќи местото е лошо и опасно.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »