речник контакт

Почина фотографот Љубе Манушев 1922 -2012

Велес остана без хроничар на времето. Остануваат за спомен неговите слики.Мајсторот по делата се познава.

Петар Печков

 на 90 годишна возтаст почина Љубе Манушев фотограф на Велес. Тој беше еден од хроничарите на градот и незаменлив мајстор на портретот. Зад себе остави илјадници фотографии на кои со фото камерата ги овековечи ликовите на многу значајни настани и велешани. Тој е син на прочуениот фотограф Дамаскин кој го донел фотоапаратот во Велес.

Ќе остане запаметен по фотографиите на кои се насликани   велешките маала, тесните улички како и централната градска улица со дуќаните на занаетчиите, потоа плоштадите во градот и секако граѓаните.  На Манушев му се восхитуваат архитектите бидејќи со објективот на фото камерата ги забележа најавтентичните бисери на староградската велешка куќа, кои некогаш постоеле на брегот на Вардар, во центарот на Велес. 

Веднаш штом се пензионирал Манушев, на градскиот Архив, му ја предал својата архива од фотографии.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »