речник контакт

Почина инжинер Милован Кнежевиќ

Тој е идејниот творец на браната Лисиче, кој ниту еднаш не беше споменат дека е авторот на ова капитално дело за велешани

Петар Печков

 На 59 годишна возраст почина Милован Кнежевиќ, градежен инженер. Тој за велешката јавност е значаен бидејќи е автор на браната на ХС Лисиче, една од најкрупните работи  кои му се случиле на Велес, заедно со мостовите, Спомен Костурницата, Спортската сала Гемиџии.

Кнежевиќ  ја проектираше браната Лисиче додека беше вработен во ГП Пелагонија, заедно со цевководот кој градот го снабдува со вода за пиење, како и идејниот проект со кој цевководот треба да продолжи до езерото Младост, капитални инвестиции за велешани.

Иако при пишувањето за нејзината изградба  до завршувањето се потрошија килограми  хартија, никогаш додека беше жив не беше споменато неговото име како автор на проектот. Затоа еве сега благодарност до Милован Кнежевиќ, од Скопје, откако замина во вечноста.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »