речник контакт

По една година затвор за фалсификување денари

Велешаните кои пред два месеци беа фатени дека фалсификувале денари се осудени на по една година затвор.

Петар Печков

Јаја Дурмишов ( 18 год) и Фекри Имеровски ( 21 год)  беа прогласени за виновни и во Основниот суд во Велес им беше изречена мерка казна затвор од една година, додека предметите, компјутерот и печатарот со кои  обвинетите  го извршиле фалсификувањето им се одземаат.  Фалсификуваните пари  завршија во трезорот на Народна Банка на Македонија, каде се уништени.

Од материјалните докази недвосмислено било докажано дека Јаја Дурмишев фалсификувал  вкупно 200 илјади денари и тоа 164 банкноти од по илјада денари и 70 банкноти од по 500 денари кои ги изработувал дома на компјутер и печатар. Истите подоцна му ги давал на Фекри Имеровски кој требало да ги пушта во промет, во тоа успеал во неколку наврати , со  десет илјади денари, платил а никој не приметил дека се лажни.

Откако во еден таков обид бил фатен дека дистрибуира фалц пари, полицијата ги фатила и двајцата. Имеровски успеал да пушти во промет две банкноти од илјада денари и 16 од по 500 денари. Со нив плаќал во такси коли, продавници, играчници и спортски обложувалници, киосци. Притворот  на Дурмишов и Имеровски им е укинат до правосилноста на пресудата.

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »