речник контакт

По една година пауза повторно ќе се додели актерската награда ,,Петре Прличко,,

Наградата ќе биде доделена во рамките на одбележувањето на 9-ти Ноември Денот на Општината.

Петар Печков

По една година пауза повторно годинава ќе биде врачена  актерската  награда ,,Петре Прличко,,. Неа ја доделува Општина Велес и Народниот театар  од градот.   Веќе е распишан конкурсот и наградата која се состои од паричен дел и плакета ќе биде доделена во рамките на одбележувањето на 9-ти Ноември  Денот на Општината.

Надминати се правните проблеми, оти третиот учесник во доделувањето на наградата Здружението на театарски актери ,,Џинот,, повеќе не постои, а лани на време не беше распишан конкурсот, така што годинава ќе ја продолжиме традицијата  - кажа градоначалникот на Велес Аце Коцевски.  

Во чест на добитникот велешкиот театар ќе одигра претстава  на која ќе биде врачена наградата.  Досега наградата ја добија: Благоја Спирковски Џумерко, Емил Рубен,  Петар Мирчевски. Благоја Чоревски, Мето Јовановски, Борис Чоревски, Петар Темелковски,  Драган Спасов Дац, Александар Ѓоргиев,  Милица Стојанова и Кирил Гравчев.

АНКЕТА »

Дали треба и натаму летно и зимско сметање на времето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »