речник контакт

По месец дена прекин, возовите повторно сообраќаат кон Битола

МЖ Инфраструктура информира дека е минирана и отстранета карпата која се закануваше по безбедноста

Петар Печков

Железничкиот сообраќај од и кон Битола вечерва повторно е воспоставен. Од ЈП Македонски железници Инфраструктура  информираа дека е минирана големата карпа која претставуваше опасност за  безбедно одвивање на железничкиот сообраќај.  

Во меѓувреме биле отстранети и три илјади метри кубни земја, кои се срушиле по минирањето.  Вечерва од железничка Скопје тргна и првиот воз кон Битола.  

Прекинот на пругата Велес - Богомила се случи на 22 октомври, во попладневните часови, околу 15 часот, кога големи камени блокови паднаа на железничката пруга. Среќна околност е што ова било регистрирано пред да мине воз на релацијата Мартолци - Стари Град, каде се случи одронот.

Тој по две седмици беше отстранет, но имаше карпи кои се надвиснуваа над пругата и тие беа закана по безбедноста. Таа деновиве била минирана, камењата отстранети и од вечерва железничкиот сообраќај, по месец дена кон Битола  е нормализиран. 

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »