речник контакт

По петти пат велосипедисти рекреативци возеа по велешките земјени патишта (фото)

По петти пат велосипедисти рекреативци возеа по велешките земјени патишта Се возеше средно лесна патека во должина од 48 км, учествуваа 300 рекреативци

Петар Печков

По петти пат, изминатиот викенд велосипедистите рекреативци ја возеа турата Питијада - вино 2018. Стартот и целта на турата беше на плоштад Сармаале, со почеток во 10:00 часот а првите учесници, најподготвените пристигнаа околу 13ч. додека комплетно сите учесници турата ја завршија во 16 часот . Според организаторот  здружението на граѓани ,,Велес Бајкинг,, учествувале 300 велосипедисти -рекреативци.  Тие возеа низ интересни делови на Велешката околина а по завршувањето ова следеше дегустација на питата пастрмалија.

Патеката по која возеа учесниците беше во должина од  47.9 km со категорија на тежина на патеката 5/10  - средно- лесна.   Учесниците минаа низ неколку велешки села Раштани, Белештевица,  Сопот,  Сујаклари и  Башино село, два манастири св. Петка и св. Ѓорѓија беа посетени и двете големи велешки винарии „Шато Сопот“ и „Тристо Винарија“. Главна атракција како и секоја година за сите учесници беше возење велосипед на висечкиот дрвен мост на реката Вардар, близу железничка станица Рајко. - рече Зоран Јаневски претседател на ЗГ Велес бајкинг. 

Освен велосипедисти рекреативци од  повеќе градови на Македонија  гости имаше и од  Грција  од Лерин, како и државјани на  Словачка и Украина кои се на привремен престој во земјава,  со што манифестацијата доби и меѓународен карактер. Организатор на овој настан беше здружението на граѓани Велес Бајкинг со поддршка на Општина Велес. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »