речник контакт

По петти пат во Велес се собира електричен и електронски отпад

Услугата е бесплатна, со претходен договор со ЈКП Дервен

Петар Печков

Во тек е собирната акција за собирање на отпад од електрична и електронска опрема, која ја спроведуваат Општина Велес и ЈКП Дервен.

Годинава таа се спроведува по петти пат и трае цел месец ноември, започна на 1-ви завршува на  1-ви декември.

Граѓаните електронскиот отпад можат да го пријават секој работен ден,  на телефонскиот број 043/233768, во периодот од 7 до 15  часот и сабота од 7 до 12 часот, во ЈКП Дервен.

Со цел активно да придонесеме за унапредување на квалитетот на нашиот и животот на новите генерации, ја организираме   традиционалната есенска акција за собирање на отпад од електрична и електронска опрема. Нивното  оставање на јавни површини е забрането со закон. Затоа искористете ја можноста овој вид на отпад да го отстраните од Вашите домови - стои во заедничкото соопштение на Општина Велес и ЈКП Дервен. Потенцираат дека  услугата е бесплатна.

Во отпад од електрична и електронска опрема ,организаторот потсетува дека спаѓаат  големи домашни апарати -фрижидер, електричен шпорет, машина за перење, клима уред,  мали домашни апарати  -пегла, правосмукалка, тостер, фен,  опрема за информатичка технологија и телекомуникации  -компјутер, печатач, фиксен и мобилен телефон, опрема за широка потрошувачка и забавна електроника  -радио, телевизор, камера, музички инструменти,  опрема за осветлување  -неонки, сијалици, расветни тела,  електрични и електронски апарати - бушалици, пили, машина за шиење,  електрични и електронски играчки и опрема за забава и спорт -видеоигри, справи за вежби, медицински апарати,  инструменти за следење и контрола- детектори за дим, термостати,  автомати за издавање топли напитоци, за издавање пари,  кабли, адаптери, полначи за мобилни телефони.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »