речник контакт

По трагите на водата во Велес

Исклучителна изложба со значајни автори во Велес. Акварелите на Пандилов, Личеноски, Коџоман, Белогаски, Лубарада пред велешани.

Петар Печков

       Во Ликовниот салон во Велес беше отворена изложбата ,,(По) трагите на водата,,. Оваа екслузивна изложба   е  на акварели  сопственост од Националната галерија на Македонија, а пред велешани се претставени 34 слики од исто толку автори.  Промотор на изложбата     беше директорот на Националната галерија, Маја Неделкоска Брзанова.

 Преку овој избор на ликовни дела, публиката ќе биде сведок на развојот на современата македонска ликовна уметност. Ова е исклучителна можност да се видат делата  на автори, мајстори на уметничката гранка акварел од Македонија но и од соседните држави. - рече Неделкоска  Брзанова.

 Следните две седмици  пред велешката публика  се делата  на македонските автори  Пандилов, Личеноски, Коџоман, Белогаски, Цицо, Караџа, Шојлев  но и на Лубарада,  Вежа, Хајро, Хакман, Крижман. Истата изложба веќе беше претставена во Националната галерија на Македонија а со избор на дел од акварелите ќе патува освен во Велес и во други градови од земјaва.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »