речник контакт

По удар со мопед во бетонски столб, почина 17 годишник од неготинско

Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот Доне Димов

Петар Печков

Седуманесет годишник од неготинско, Доне Димов, со мопед удрил во бетонски столб и починал. Деталите од информацијата на велешката полиција. 

„На 20 декември  во ОВР Неготино е пријавено дека во 00:50 часот, во село Тимјаник, неготинско, мопед „лонгија“ со неготински регистарски ознаки, управуван од 17- годишник од село Тимјаник, удрил во бетонски столб. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Неготино“ – информира Ана Милевска Ѓорѓиева, портпарол на СВР Велес.

Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот малолетник било дадено на обдукција.

 фото википедија

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »