речник контакт

По четири години чекање, истрагата покажала нема виновник за смртта на родилката Мајсторова

Сопругот продолжува да ја бара вистината а убеден и виновникот за смртта

Петар Печков

По четири години истрага, отфрлена е  кривичната пријава против велешки доктор која ја породуваше родилката Лила Мајсторова а таа, подоцна и бебето, починаа. Ваквиот развој на случајот предизвика револт и незадоволство кај сопругот Панче Мајсторов, за кого несфатливо е што по толку години истрага, докторски и лекарски  комисии, да се каже не, вина за смртта на Лила нема во лекарскиот тим кој ја породувал.

Многу контроверзии, недоговорени прашања со  смртта на мојата сопруга. По читањето на  решението, се добива впечаток дека и покрај толку изминати години, до крај не е извршена истрагата. Има некои прашања кои остануваат не одговорени  Затоа вложивме жалба на одлука на обвинителството од Велес. Четири години истрага за овој случај  е многу и тоа раѓа сомнежи  – вели Мајсторов.

Случајот сакаше неколку дена пред  22 јули, кога се  наполнија четири години од смртта, тој  да го добие решението за отфрлање на кривичната пријава ,,за тешки дела против здравјето на луѓето,,  против лекарот кој го водеше породувањето. Лила Мајсторова (45 год)  почина на  22 јули 2010-тата година по искрварувањето при породувањето на машко дете, кое почина неколку дена подоцна во Скопје.

Тимот од професори и доктори, кој го работел вештачењето  не дава одговори на две  клучни прашања.  Дали смртта настанала оти  не бил  дијагностициран раскинот на матката од каде дошло крварењето и дали тоа е пропуст на докторот или на медицинскиот персонал. Тврдат дека смртта е поради тоа  не бил дијагностициран раскинот на матката. А кој требало тоа да го стори, навреме и право времено. Ако се откриeло сигурно Лила немало да почине од искрварувње  – прашува Панче

Тој и неговите две ќерки Ѕвездана и Ангела чекаа четири години да ја дознаат вистината, кој е кривецот за смртта на Лила, а сега одговорот го нема. Во истрагата  немало ниту збор и за бебето кое се родило, зошто тоа починало иако контролите во бременоста покажувале дека се е во ред а по породувањето тоа имало аномалии.

Обвинителството својата одлука за отфрлање на кривичната го темели на  вештачење на Судско- медицинскиот одбор при  Медицинскиот факултет од Скопје, како и на стручни објаснувања на трети  стручни лица, чии мислења ги побрале. 

Според нив ,,смртта на Мајсторова  не може да  биде резултат на неправилното пружање помош од страна на  пријавениот доктор.  Причината за влошувањето на здравствената состојба кај пациентката не е во директна поврзаност со дејствијата кој ги презел тој во овој случај,, . Смртта на родилката Мајсторова беше актуелен во македонската јавност, безмалку истовремено со друг кога во истата болница почина десет годишно дете по операција на слепо црево.

Тој случај е во завршница, во септември се очекуваат завршните зборови и пресудата против докторот. Мајсторови  ја  продолжуваат  нивната битка за вистината. 

Докторите од велешката болница пак сметаат дека ,,не постојат рутински операции, сите се  со свои специфики. Процент на смртност и во најдобро опремените болници во светот постои, каде има најсовремена апаратура и најдобро обучени лекари специјалисти,,. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »