речник контакт

По четири дена пауза, денес во Велес три случаи со ковид-19, сите се жени, две вработени во фабрика во Кавадарци

На Инфективно одделение има 16 пациенти, пет се од Велес 11 од Кавадарци и Свети Николе

Петар Печков

Откако цела седмица во Велес немаше регистрирано нови позитивни случаи со ковид-19, денес има три, информираа од Центарот за јавно здравје, а оздравени нема. Така во Велес има28 активни случаи. Досега се регистрирани вкупнo 241 лица кои имале корона вирус.

Во Велес имаме три нови случаи на заразени со ковид-19, сите три се  жени, на млада возраст. Две се вработени во фабрика во Кавадарци од каде се заразиле а третата не може да прецизира. Според епидемиолошката анкета не излегла надвор од градот, не е од работното место - изјавија од Центарот за јавно здравје Велес.

Во Велес  денес нема оздравени лица.  Активни случаи во Велес се 28 случаи, 200 се оздравени и 13 починати. Од активните случаи 23 се на домашно лекување и пет се на Инфективно одделение.

На инфективно одделение има  16 лица хоспитализирано, за еден е непотврден  се чекаат резултати. Градоначалникот Аце Коцески  на денешниот прес кажа дека  двајца пациенти од Инфективно итно се префрлени во Скопје.

Еден пациент од Кавадарци и еден од Свети Николе во текот на вечерашното попладне се префрлени на Инфективната клиника во Скопје поради влошување на нивната здравствена состојба -кажа Коцевски. 

Овој период три медицински сестри од Општа Болница Велес биле ангажирани во ГОБ 8-ми септември Скопје.

Во велешко  според СВР Велес 32 лица  имале Решение за самоизолација и треба да  се наоѓат дома.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »