речник контакт

По 15-ти пат заплови гемијата од Вардарската регата ( фото)

Меѓу стотината учесници и д-р Никола Стојанов првиот претседавач на парламентарното собрание на самостојна Македонија

Петар Печков

Четири дена од Велес до Гевгелија ќе пловат стотина учесници  во годинашната 15-та Вардарска регата.  Тие со десет чамци и еден дрвена сплав, гемија ќе ги минат 120-те километри од Вардар како што тоа го правеле велешките трговци на почетокот од минатиот век.  Но наместо до Солун, регатата завршува во Гевгелија. Меѓу учесниците е и д-р Никола Стојанов, кој и покрај неговите 90 години  се реши да биде дел од  регатата.

Сакам да им одадам признание на  Гемиџиите, Солунските атентатори кои преку нивната голема  саможртва без ниедна цивилна жртва, редок  пример на херојство. Младите треба да го почитуваат и знаат ова нивно дело, да го продолжат патот на националното обединување  – рече Никола Стојанов кој како најстар член го отвори и претседаваше  со првиот демократски парламент на самостојна Македонија.

Ова е негово трето  учество во регатата и објаснува дека не е тешко, бидејќи иако во години се уште оди  на лов и има физичка кондиција.  Свеченото поаѓање беше утрово од  пред споменикот на Гемиџиите кај  Малото мовче, регатата  се движи до воениот полигон Криволак на Стрела 1 каде се преноќува. Вториот ден регатата се движи кон Демир Капија, третиот ден е во Марвинци и четвртиот ден на 30-ти Јуни  пристигнува во Гевгелија како последна дестинација.

Општина Велес е покровител на манифестација за која има  организатор  преку делегирана надлежност Здружението на граѓани “Вардарска регата Гемиџии“ - Велес. Високиот водостој  на реката Вардар овозможи чамците бргу да пловат и покрај силниот јужен ветер Повардарец. Успешна пловидба на учесниците им посака градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев и на Слобозија Александар Стојка.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »