речник контакт

По 18-ти пат на климатска рехабилитација, во Михајлово беа велешките деца

Иако Министерството не ги помага велешките деца, со финасиска помош од Општина Велес 30-тина деца беа седум дена во Михајлово

Петар Печков

По осумнаесетти пат, летово  велешките деца  беа на климатска рехабилитација, овој пат во Михајлово, на Кожуф.  Триесетина деца седум дена  уживаа во здравата животна средина. Иако државата повеќе не помага во здравствената рехабилитација на децата, кампот сепак се одржа. 

Престојот на планина, како воздушна бања е од исклучително значење за превенција од респираторни заболувања  и позитивно влијае на општото здравје кај децата - кажа Иванка Андова,  претседател на Здружението „Друштвото на родители за грижа за здраво поколение” (ДРГЗП), од Велес кое е организатор на рехабилитацијата.  

За време на седумдневниот престој децата на возраст од основно образование, имаа секојдневните прошетки во природа,можност да се дружат,меѓусебно  запознаат и да се забавуваат.  Едукативниот камп „Климатска рехабилитација”, на планината Кожуф, во детското одморалиште Михајлово беше финансиски помогнат од Општина Велес а децата заминаа со кофинасирање  од страна на родителите. 

Четврта година по ред, државата, преку Министерството за животна средина (МЖС) не ја финансира климатската рехабилитација на децата од загадените животни средни. Поради тоа наместо по 300 деца во две смени, сега заминуваат далеку помалку. Велешките деца имаа нарушено здравје како последица од тридецениското работење на Топилницата за олово и цинк.

На рехабилитација одеа и децата од Осломеј -кичевско,  Миладиновци -скопско и Тетово, од загадените животни средини, кое МЖС повеќе финансиски не ги помага. Затоа пак во иста смена со велешките деца беа и 20-тина деца од селото Возраци кавадаречко, кои беа на климатска рехабилитација, по десетти пат преку еколошкото друштво „Тисовец “ а финансиски помогнати од компанијата „Еуро никел“(поранешен Фени).

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »