речник контакт

По 29-ти пат Средби на извидниците во Голозинци

Победи патрола на питомците на Воената академија од Скопје

Петар Печков

Питомците на Воената академија, нивната патрола, е победник на 29-тие Средби на извидници ,,Велес,, 2015,, кои изминатиот викенд се одржаа во селото Голозинци. “, Втори беа извидниците од ИПО “Јадран“ од Скопје, а трети  извидниците од извидничкиот одред “Феникс“  од Прилеп.

Средбите се одржаа во периодот од 4 до 6 септември 2015 год. на потегот село Голозинци – село Еловец – село Чашка – село Голозинци, по повод 8 септември – Денот на државноста на Реупублика Македонија.

Организатор на традиционалните Средби на извидниците, беше Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од  Велес. Извидниците се натпреваруваа во областа на  топографија и ориентацијата во непознат  терен, сигнализација, прва помош,  исхрана во природа.

Овие Средби се дел од годишната програма  за работа на извиднички одред “Димитар Влахов“ за 2015 год. На средбите учество  земаа  седумдесетина извидници од земјава  и тоа од Скопје, Прилеп и Велес. За учесниците на 29-те Средби на  извидници во рамките на активностите беше органирана и жива свирка на бендот “Директ“од Велес, воедно беше организирана и средба на генерации со постарите извидници ветерани на одредот.  

На средбите учествуваа  питомците од Воената академија “Генерал Михајло Апостолски“ и припадници на Воената полиција  при Генераштабот на АРМ на Вардарската регата “Гемиџии“.

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »