речник контакт

Празните времени киосци грда слика на градот

Локалната власт најавува отстранување на овие напуштени објекти

Петар Печков

На повеќе локации во Велес присутни се празни времени објекти, киосци кои не се користат. Така стојат со години, собираат прашина и се грда слика на градот. Ги има на различни делови од Велес. Беа користени до пред некоја година, но сега  никој  не ги употребува, најчесто за продавање на весници и цигари.   Велешани реагираат на ваквата слика и бараат да се најде начин тие да се отстранат, по теркот на хаварисаните возила.

Киоскот стои празен повеќе од две години, тука на главната прометна улица. Иако сопственикот не го користи, ниту верувам плаќа на локалната власт за него, уште е тука. Ако веќе во Штип започна акција за отстранување на ваквите напуштени времени објекти, зошто и велешката локалана власт не презеде слична мерка – вели велешанец  кој живее близу до киоскот кај СИЗ-от. 

Празни киосци има на Железничката станица Велес, пред управната зграда на Жито Вардар, пред СИЗ-от и на други места во Велес. Од општина Велес најавија дека  ќе воведат ред во оваа област.

Ќе започнеме со отстранување на  овие времени објекти, кои ен се користени. Тоа ќе се спроведе  преку реализација на деталниот план. Првиот киоск кој ќе се отстрани е тој од дворот на ОУ Васил Главинов а просторот ќе се зазелени и ќе биде тревна површина – изјавија од општина Велес. При тоа не беше прецизирано кога ова активност ќе започне.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »