речник контакт

Првата фудбалска топка во Велес стасала по Вардар

Тогаш фудбал се играло на игралишта кај Касарната и кај Монополот

Петар Печков

Панче Ќурчиев Памикот кој истражува за велешкиот фудбал поседува информации кога и како е донесена првата фудбалска топка во Велес.  Неговите истражувања покажуваат дека има три можности, чудото од Англија како дошло  во градот. 

Првата варијанта е дека е  донесена со возот од Лондон, од некој трговец англичичанец. И тоа на 2-ри август. Втората верзија е дека  е донесена со пајтон  од Солун. Третата најбитна е, тоа и таткоми кажуваше дека е  група напредни  младинци, подоцна шпански борци, кога се бањале на  островче, кај паркот, допливала топка. Тие се фрлиле ја фанале, почнале да ја шутираат и така почнало во Велес да се игра фудбал. Тоа исто така било на 2-ри август 1919-та година - раскажува Пампикот.

Тој дополни и кога е формиран првиот фудбалски клуб во Велес. Се случило неколку месеци подоцна.

 Во ноември во Загреб, истата година заседава Фудбалски савез Југославије и се формираат лиги. Се формираат зони, Македонија била во четврта. Тогаш овие младинци што ја фанале топката, сакале да го формираат ФК Борец, ама власта не им дала. Па ај да се вика Напредна, ама не им се бендисало, па станал ФК Напредок.  Тоа е првиот фудбалски  клуб во Велес. Играле фудбал, според кажуавањата на таткоми, кај сега што е касарната кај Киро Ќучук и второ игралиште кај Монопол.  Во таа зона, четврта освен  Напредок играат утше Љуботен Тетово, скопски Вардар- тогша се викал Македонија. По некое време велешкиот клуб станува ФК Граѓански.  Да кажам уште дека во таа 1920-та се формира и вториот велешки фудбалски клуб Горски, во рамките на  Спортско фудбалско  друштво  ,,Горски,, Играл во таа четврта лига а седиштето му било, се знае во Дервенски поток  - заврши Панче. 

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »