речник контакт

Прва групна венчавка во Велес

Во манастирот „Св. Димитрија" во Велес, се одржа групна венчавка, на која четири двојки ја крунисаа љубовта со Божји благослов. Со молитва за здравје, потомство, мирна и совршена љубов се до судниот ден, во манастирот „Св. Димитрија" тие го добија Божјиот благослов за својот брак. Чинот на Светата та?на – брак го изврши Митрополитот Повардарски г. Агатангел.

Петар Печков

Во манастирот „Св. Димитрија\" во Велес, се одржа групна венчавка, на која четири двојки ја крунисаа љубовта со Божји благослов. Со молитва за здравје, потомство, мирна и совршена љубов се до судниот ден, во манастирот „Св. Димитрија\" тие го добија Божјиот благослов за својот брак. Чинот на Светата тајна – брак го изврши Митрополитот Повардарски г. Агатангел.





Во манастирот се собраа голем број добронамерници за да им честитаат, но и да им дадат свој благослов на младенците. Групна венчавка се одржа за прв пат во Велес. Наскоро од Повардарската Епархија најавуваат и прво групно крштевање, кое ќе се случи во реката Бабуна. За заинтересираните повеќе информации во Повардарска Епархија  тел 043 221 231.



АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »