речник контакт

Првиот автобус за градски превоз сообраќа низ градот

Од неодамна во велешките улици започна да сообраќа првиот вистински автобус, наменет за градски превоз.

Петар Печков

 Пан такси, кој ја има лиценцата да вози на единствената градска линија, купи мини бус, наменски за градски превоз.Тој собира 30-тина патници и е многу поконфорен, пофункционален и подобар за патниците.

Автобусот сообраќа на релацијата Стариот мост – Автобуска до населба Превалец  преку Железничка станица и обратно на секој половина час, додека во недела и празник на секој час, во терминот од 5 до 21 часот. Цената е 25 денари за билет.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »