речник контакт

Првиот голем успех на велешката одбојка

Заминале како аутсајдери, се вратиле како победници, турнирот во Струмица 1958

Петар Печков

Во годината 1958 е забележано дека почнуваат успесите на  Одбојкарскиот Клуб “Борец“ кој во тоа време настапуваше под името “Локомотива“.

Таа година од ДТВ “Партизан“ во „Локомотива„ пристапија: Тодор Мијаков, Петар Димов и Борис Чанев, кои покрај другото и “убаво играа“ одбојка. Вклопувајки се во играта со другите играчи на “Локомотива“  ги покажаа квалитетите и со веке “горе-доле уиграната„ екипа, заминаа на турнир во Струмица каде се отвараше нова спортска сала и по тој повод беа поканети рекордни 14 екипи од Македонија.

Турнирот траеше 4 дена. Фаворити секако беа Скопски “Вардар“ и домакинот “Партизан, како најдобри во тоа време во Македонија. ОК “Локамотива“, тоа јануарско попладне отпатува во Струмица како голем аутсајдер. Злите јазици и подоцна  велеа, дека „Локомотива“ беше поканета само да го пополни некое испразнето место. 

Но како многу изненадувања во спортот се случи и овде. Среде Струмица. Најголемиот аутсајдер стана победник на турнирот и стана сопственик на големиот пехар (25 јануари 1958 година).

Тодор Мијаков кажува. Преполна сала, 10 часот, финале, на терен се екипите на “Партизан“ од Струмица и “Локомотива“ од Титов Велес, никој не го очекуваше ова финале, Се договараме да изиграме како умееме и да дадеме се од себе, без трема, без старв, бидејки она дотогаш што го направивме е голем успех.

Сите во салата се убедени дека домакинот ке победи. Но младите голобради момчинја од Титов Велес се надминаа себеси. По двочасовна “дивовска“ борба домакините беа поразени со 3:1 а објективната струмичка публика ги награди одбојкарите на “Локомотива“ со долготраен аплауз. Ха, пехарот е во наши раце.

Кога се враќавме дома бевме на крилја, како да сме освоиле светско првенство, вели Мијаков.

По сеќавање на Владо Диневски

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »