речник контакт

Првиот ден на летната крводарителска акција собрани 74 крвни единици

Акцијата продолжува и утре, среда

Петар Печков

Седумдесет и четири крвни единици беа собрани, на првиот ден од големата летна крводарителкса акција. Поголем дел од дарителите, 64 се од машки пол, останатите 10 беа жени. Околу 15-мина лица беа вратени. Четворица за прв пат даруваа и официјално станаа дел од најхуманото семејство. Акцијата 26-та по ред, се одвиваше во терминот од 7,30 до 14,30 ч. во просториите на велешкиот театар 

Летната крводарителска акција продолжува и утре, ма исто место во театар Џинот. Акцијата е во организација на Општинскиот црвен крст и   Институтот за трансфузиологија од Скопје. 

На ланската акција во двата дена беа собрани 121 крвна единица а првиот ден беа собрани 61 или помалку од годинава.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »