речник контакт

Првото бебе во 2018-та е женско

Тоа е рожба на семејството Алиови од Горно Јаболчиште. Лани во велешка Болница се родиле 649 бебиња

Петар Печков

Понеделникот во 16,55ч. на акушерското одделение во велешката Болница се роди првото бебе во 2018-та година. Тоа е женско, четврто дете во семејството Алиови, на  Наиме и Алил од Горно Јаболчиште. Претходно тие имале три сина. 

Денес се породи 30 годишната Наиме Алиова, ова е нејзино четврто дете. Роди здаво женско бебе. Породувањето беше спонтано, нормално. Бебето е добро, мајката добро се чувстува, се е во ред. Второто родено бебе годинава на  нашето одделение  е машко а денес очекуваме уште неколку нови - изјави гинеколог д-р Соња Димова, која ја породи родилката.   

 На новороденчето  и нејзината мајка, градоначалникот на  Општина Велес, Аце Коцевски им врачи чек на 12 илјади денари и пригодни подароци.

Велат дека ако  првото бебе е женско, дека годината ќе биде бериќетна. Посакувам и на семејството и на сите граѓани на Општината да имаме бериќетна година, да има  што повеќе новородени здрави деца. Новороденчето нека расне во мир, љубов и слога, да биде среќно и безгрижно. Тоа го посакувам и на сите бебиња кои ќе се родат годинава - рече градоначалникот Коцевски.   

Лани на акушерското одделение при ЈЗУ Општа Болница Велес  се родиле  649  бебиња а во 2016-та  651.  Тука се  породуваат жени  од регионот, не само од велешко така што оваа бројка не е реална за тоа колку велешанчиња се родиле во 2017-та година.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »