Петар Печков
Објавено: среда, 15 мај 2013
Општинската организација на Црвен крст Велес го освои првото место за најуспешно изработени хуманитарни микро -проекти во циклусната 2012/2013 година. Ова признание е во рамките на Републичкиот ЦКА-ПХВ проект - Црвен крст во акција, промоција на хумани вредности, воедно и признание на волонтерската работа на младите велешани, нивната хуманост и солидарност.
Во конкуренција за оваа награда биле разгледани и оценети рекордни 202 доставени проекти. Од вкупната бројка, 80 се оценети со највисока оцена, односно фаза 5, а 109 проекти беа оценети со фаза 4. Вкупно се изработени и 14 проекти оценети со сонце. Тоа се проекти кои даваат голем придонес на заедницата, односно драстично смениле нечиј живот. Наградата во наредниот период ќе им биде врачена на свеченост во Велес.
| Tweet |



