речник контакт

Прв Саем на здрава храна во реонот на Азот

Богомилско - Изворскиот крај од реонот на Азот изобилува со здрава и еколошки чиста храна.

Петар Печков

Богомилско - Изворскиот крај од реонот на Азот изобилува со здрава и еколошки чиста храна. Иако таа се наоѓа на трпезите ширум Македонија, нејзините произовдители се малку познати во земјата.

Природните карактеристики на овој дел од Централна Македонија се планините со густи шуми, чисти планински реки, регион без чад од индустриски комплекси, редок сообраќај. Затоа некои од жителите и неговите посетители го нарекуваат втор Галичник. Тоа беше повод во Богомила да се организира првиот Саем на здрава храна.

- Азот е познат како производител на квалитетни градинарски и сточарски производи. За жал малку од потрошувачите ова го знаат, бидејќи поголемиот дел од нашето производство накупците го откупуваат и го пласираат на пазарите во Македонија. Овој саем е можност и ние производителите на излеземе во јавноста од анонимноста и таа да не запознае - вели Љупчо Јовановски, прозводител на сирење од селото Теово.

Неговите млечни производи се барани и се пласираат најмногу на скопските пазари. Тие се еколошки чисти бидејќи овците како паша ги користат ливадите на планината  Кадиица.

На повеќе штандови во дворот на училиштето Петар Поп Арсов можеа да се купат по пристапни цени градинарски, земјоделски и млечни прозиводи. Тука можеше да се набават познатиот богомилски грав, потоа кромид и компир од Теово, Согле и Ореше, сирење и кисело млеко од Мартолци, Оморани, 

Во подрачјето на Азот има ореви, бадеми и лешници, како и печурки - вргањ и шумски плодови - капини, малини,  шипки и боровинки. Дел од овие плодови во сушена форма заедно со повеќе видови чаеви имаше на штандовите но бргу се продадоа.

Добрите климатски услови овозможуваат одгледување на пчели кои се хранат во чиста средина и  даваат квалитетен мед. Меѓу бројните гости на пријатното планинско сонце беше и гостинка од Белград - Србија.

\"\"

\"\"

-  Многу интересен и не стандарден саем, има што да се види и купи. Основно е што се нуди здрава и еколошки чиста храна, што на пазарот многу се бара. Ова богатство треба да го популаризирате и пласирате - вели Гордана Ѓуриќ, која беше воодушевена од понудата на саемот. Таа понесе неколку сувенири изработени од тамошните жители, стомни и вазни декорирани со мотиви од  регионот на Азот.

Организатор на саемот беше ОУ „Петар Поп Арсов“, кое собраните средства од продадените производи ги намени за изградба на спортски терени во Богомила.

\"\"

- Цел ни беше популаризирање на еколошки прозиводи, но и можноста за нивен пласман и продажба. На тој начин жителите би останеле тука, ќе има деца а со тоа и училиштата од овој крај ќе продолжат да работат - изјави Нина Маркова, директорка на училиштето.

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »