речник контакт

Прв пат и девојка скокна на Водици во Велес

Марија Давчевска, (21 год) ги сруши предрасудите

Петар Печков

21 годишната Марија Давчевска, ги сруши предрасудите во Велес. Таа е првата девојка која по возобновувањето, од 1989-тата година, скока на Водици  во реката Вардар по Богојавленскиот крст. Немаше среќа, но ќе остане запишана како првата велешанка коај се обиде да стигне до него.   

Сакав уште како дете да скокам, тоа ми беше животна желба. Годинава се решив да се фрлам, прво отидов да прашам во Епархија дали ќе ми дозволат, оти  имав слушнато дека  девојки  не е дозволено. Ми кажаа дека е слободно за секој православен христијанин и  денес скокнав.  За здравје и за себеси, да покажам дека можам. Но и за мојот брат Иле, кој замина за  Германија а постојано скокаше по крстот,  па да ја продолжам семејната традиција  -  рече Марија. 

Таа е од село Караслари, каде и живее. Скокнала со друштвото, кое броело уште пет момчиња. Годинава тие  немаа среќа, но се надеваат дека догодина  ќе се радуваат.   

Таа е студент на Факултетот за Безбедност при Филозофскиот факултет на УКИМ.    До минатата година таа беше и фудбалерка, членка на ЖФК Борец од Велес,  а од минатата есен  го стави фудбалот во мирување.  

фото: Сашо Ѓоргов 

АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »