речник контакт

Прв роденден на здружението Гласот на животните

Вдомени 157 животни и лекарcки помогнати 90 бездомни животни

Петар Печков

Четириесетината активисти на Здружението Гласот на животните  со забава го прославија првиот роденден. И имаат зошто да се радуваат. За овие 12 месеци вдомиле 157 напуштени кучиња и мачки а на  други 90 им помогнале со обезбедување лекарска помош. 

Освен што помагаат, преку различни акции ја подигаат јавнат свест кај велешани за помагање на бездомните животни во градот.  Нивниот пример со помагањето на кучето Наполеон, кое заврши во САД, во нов дом, го обиколи светот.

Тие потсетуваат дека и натаму за да функционираат им треба помош, пред се финансиска и затоа секоја е добредојдена. За бездомните животни од градот.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »