речник контакт

Превалец и натаму при врвот на Трета лига југ

Порази за Борец и Бабуна, стартуваше и лигата во футсал

Петар Печков

Со победата од 1:0 на гостувањето во Прилеп против екипата на 11-ти Октомври, Превалец остана при врвот на Третата лига - југ. Тој е втор со ист  број на бодови како лидерот Победа јуниор, по 12.

Имаат четири победи во четири кола. Бабуна е поразена со 4:3 на гостувањето во Обршани- прилепско од екипата на Партизан. Борец на домашен терен загуби со 2:1 од Вардар од Неготино, со гол примен во 87-та минута. Така по четири кола Бабуна е  седма  со четири бода,  додека Борец е претпоследен 11-ти со еден бод. 

Започна и првата лига во футсал,а на стартот висок пораз за КМФ Велес, кој во салта Гемиџии загуби со 5:1 од екипата на Јувентус Серава од Скопје. Следното коло в сабота Велес ја пречекува екипата на  Тетово, кој  имаше највисока победа во првото коло.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »