речник контакт

Превалец поразен во дербито од Кожуфво Гевгелија

Победи за Борец и Гемиџии, во Трета лига Југ

Петар Печков

Се одигра 17-тото коло од Третата лига Југ, каде  се натпреваруваат три велешки екипи.  

Превалец, кој оваа пролет беше во подем, се сопна во Гевгелија. Во дербито  во Гевгелија, против  лидерот Кожуф е поразен со 1:0.   Борец победи со 1:0  во прилепско Големо Коњари против истоимената екипа, која е 12-та на табелата. По три порази, победа за младиот велешки лигаш Гемиџии, кој дома на Градски славеше со уверливи 3:0 против екипата на Росоман, која е претпоследна на табелата.    

По ова коло Борец  е втор со 38 бода, Превалец остана четврти со 32 бода и заостана четири бода зад Победа Валандово и третото место кое води во Втора лига, Гемиџии се и натаму шести со 26 бодови.

Во следното коло велешко дерби Превалец против Гемиџии а Борец дома го пречекува Питу Гули од Крушево кој е  8-ми со 20 бодови. 

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »