речник контакт

Превентивна активност за заштита од семејно насилство, правата и мерките за заштита на жртвите

Целта на активностите бил превентивно да се дејствува за да се спречи појавата на овој вид на насилство

Петар Печков

На подрачjето на Велес, реализирана е превентивна активност на тема „Има помош за живот без насилство. Преку непосредна комуникација, граѓаните биле информирани за појавите на семејно насилство, правата и мерките за заштита при постоење на некои од облиците на семејно насилство.

„Граѓаните беа информирани за начините како тоа да се препознае и што можат да сторат доколку се најдат во ситуација да бидат сведоци на одреден вид насилство. Акцент беше ставен и на постапките и процедурите при појава на такви случаи и достапноста на услугите за помош, заштита и привремен престој, при што беше потенцирана важноста од навремено пријавување на сите облици на насилство“ – информираа од МВР. 

Целта на активностите била  превентивно да се дејствува да се спречи појавата на овој вид на насилство и да се охрабрат жртвите секој вид на насилство навремено да го пријават во полиција. Во рамки на активноста бил  поделен печатен едукативен материјал.  Активноста е реализирана од   полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес.

Фото МВР 

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »