речник контакт

Прегазен е уште еден бегалец на македонските пруги

Ова е осма жртва за еден месец. Кривична и за двајца службеници на Автобуската во Гевгелија, кои наместо 50 евра за седум билети наплатиле 140 евра

Петар Печков

Патничкиот воз од Скопје за Гевгелија удрил во пешак, кој се движел по пругата. Настанот се случил во понеделникот вечер. Од групата на лица кои се движеле по железничката  пруга, смртно настрадал сириски државјанин, информираа од СВР Велес.

Патничкиот воз вчеравечер  удрил во сириски бегалец, роден 19790 година, кој се движел по пругата.    Телото е предадено на обдукција - информираа од СВР Велес.  

Несреќата се случила на влезот во железничката  станица Демир Капија, од правец на Велес во 19,25ч. Групата броела десетина лица а две биле во забранетиот појас на движење, едното успеало да скокне и се спаси, додека другото било удрено од  електричниот воз, популарно наречен ,,Горбачов,,. Железничкиот сообраќај бил во прекин на релацијата Велес - Гевгелија до 22 ч.  

Ова е осма жртва на македонските пруги, на бегалците од Блискиот исток, сите во период од еден  месец. Поради овие несреќи на пругата Скопје - Гевгелија се вози со намалена брзина.

 Во неделата вечер пак, во патничкиот воз кој сообраќа до Гевгелија за Скопје, на Железничката станица во Велес,  била откриена група од 19 бегалци. Според МВР станувало збор за сириски државјани, кои биле со уредно купени билети, но без влез на легален премин во земјава. Поради тоа веднаш биле вратени во Грција, од каде влегле. 

На маката на илегалците нелегално заработуваат  многумина. Така двајца службеници од Автобуската станица во Гевгелија заработија кривични пријави за „несовесно работење во службата.  

Д.Р.(27) и Т.Р.(28) од Гевгелија, на 14.11 годинава како шалтерски работници на автобуската станица во Гевгелија на сириски државјанин им  продале седум возни билети на релација Гевгелија-Скопје, при што наместо 2.380 денари  наплатиле 140 евра,  а вишокот од  паричните средства во износ од околу 100 евра го присвоиле. 

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »