Петар Печков
Објавено: вторник, 04 февруари 2025
Во основното општинско училиште „Лирија“ во Бузалково, реализирано е едукативно предавање за учениците од осмо и деветто одделение на темите- „Насилство во училиштата“, „Сајбер булинг“ и „Внимателност при користење на социјални мрежи“.
„На предавањето преку наменски подготвени презентации учениците беа запознаени со формите на насилничко однесување, со начините и методите за справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите, како и околу последиците од девијантното однесување. Воедно, на децата им беше укажувано на поголема внимателност при користењето на социјалните мрежи, односно неприфаќање на било какви постирани предизвици, кои може да им наштетат“ - соопштија од МВР.
Предвањето беше од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес.
фото МВР
Tweet |