Петар Печков
Објавено: вторник, 14 јануари 2025
Делницата која денес беше предадена за користење е од клучката Градско, до клучката Дреново, дел од експресниот пат Грдско -Прилеп
Директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски се заблагодари на сите кои учествувле во изградбата на патот, кој бил завршен до август лани во 80 отсто од работите. Вкушната вредност е 37,5 милиони евра.
„Пуштаме во употреба делница од експресен пат во должина од 15,5 км и уште 1,4 км од втората делница, која е во должина од 9 км. Во 2017 година е започната градежната активнсто, но италијанскта фирма по три години работа со само 30 отсто изведени работи е раскинат договорот. Во 2021 има нов изведувач Страбак, кој последната година беше повлечен поради финансиски проблеми.Но тие се надминиати, откочена е ралзиацијата“ – кажа Трајановски.
Изведувачот на градежните работи не работел, во август се подготвувал да ги бара парите на Арбитража, поради неисплатените средства за една година. Проблемите биле надминати, долгот исплатен, кажа министерот за транспорт и врски Александар Николоски, по што работите продолжиле и завршиле пред крајот на 2024 година.
„Овој пат освен за Росоман, ќе значи и за Могила, Крушево, но и поврзување со Грција. Државата не е само главниот град, треба секаде рамномерно да се развива и вложуа“ – кажа Николоски.
Седумдесет отсто од средствата за изградба на експресниот пат Градско- Прилеп се обезбедени од пари на ИПА фондовите.
„Патиштата ги поврзуваат заедниците, ја олеснуваат трговијата и оставаат можност за развој.Со овој пат бизнисите ќе се развииват, тој не е само асфалт и бетон. Тој е можност за регионално поврзување, тој е темел за напредокот, заеднички просперитет“ – рече евроамбасадорот Михалис Рокас.
Премиерот Мицкоски се заблагодари на вработените од изведувачот, но и на неговите колеги од Градежен факултет Скопје, кои се вложиле и имаат заслуга за изградбата на овој експресен пат.
„Оваа градба е за македонските граѓани, тие ќе ја користат. Ова не е политичка градба, нема никој од политичарите да ја стави во џеб и да си ја носи дома. Граѓаните се тие коишто ќе го користат сето ова. Ние сме земја којашто во суштина нема излез на море, не изобилува со некои ресурси како што е нафта и гас. Ние сме природна раскрсница на многу важни два паневропски коридори. Тоа се Коридорот 8 и Коридорот 10“ – кажа премеирот Мицкоски.
Делницата која се пушти има три клучки, четири вијадукти и еден мост.
Tweet |