речник контакт

Предадени донациите за спортските реквизити, дел Европската недела на мобилност

Донации на велосипеди, топки, спортски реквизити, овозможени од општествено одговорни компании, беа дел од активностите за одбележување на Европската недела на мобилност 2025

Петар Печков

Донациите, во рамки на активностите за одбележување на Европската недела на мобилност 2025 беа поделени во неколку општинските основни и средни училишта.
Донации на велосипеди, топки, спортски реквизити, овозможени од општествено одговорни компании, беа дел од  активностите за одбележување на Европската недела на мобилност 2025.

Донациите беа поделени во еден од клоновите  од  детските градинки  „Димче Мирчев” каде децата спортуваа  со нив.  Донации, имаше  и за сите општинските основни и средни училишта во градот.
„Подигнувањето на свеста кај децата од најрана возраст преку   спортските активности позитивно влијае на нивното здравје и на заштита на животната околина“ – велат од локалната власт.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »