речник контакт

Предаден во употреба Дневен центар за слепи и лицата со оштетен вид

Во Велес е Промоција на нови 50 наслови на аудио книги

Петар Печков

Велес доби Дневен центар за лица со оштетен вид и слепи лица. На 60 метри квадранти децата од школска и претшколска возраст  имаа за користење две  занимални,  кујна и санитарен јазол.

Тој е во склоп на Дневниот центар на деца со посебни потреби и може да прими 20-тина деца.Досега интерес за негова посета јавиле 8 родители за нивните деца.

 Истовремено беа промовирани и 50 нови наслови  ода едицијата на аудио книги, наменети за слепи и лица со оштетен вид. Ова во пресрет на нивниот ден 15 октомври.  

Сакаме и работиме на оваа популација во земјава да им ги подобриме условите за живот. Токму овој Дневен центар и оваа нова едиција на аудио книги се дел од таа наша конкретна акција - изјави Министерот за труд и социјала Диме Спасов.  

Дневниот центар е инвестиција вредна 1,5 милиони денари, реализирани заедно со општина Велес. Едицијата од нови 50 аудио книги е дел од  вкупно издадените 160  аудио книги, кои пак се дел од едицијата на ,,Ѕвезди на светската книжевност,, која е издадена од Министерството на култура, сега се снимени во аудио формат. Таа е вредна 3 милиони денари. Дел од насловите се поставени и на веб страницата на слепите лица на Македонија и достапни до сите нив преку интернет.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »