речник контакт

Предлог Закон За Работни Односи

1. Почетокот на работното време работникот го одредува сам. Законската одредба пропишува да тоа не смее да биде пред 10 часот наутро. Шефот е должен да гo пречекува на врата со слатко и вода. ...

Зоран Николов

Предлог Закон За Работни Односи 1. Почетокот на работното време работникот го одредува сам. Законската одредба пропишува да тоа не смее да биде пред 10 часот наутро. Шефот е должен да гo пречекува на врата со слатко и вода. 2. Надоместот за својата работа ја одредува работникот во договор со своите домашни. 3. Пред почеток на работата на работниците се дава нешто за поткрепа: - ладно пиво - сендвичи - вино - коњак - ореви и мед. сето тоа на трошок на претпријатието. 4. На работа е дозволено да се запее. Ако некој работник запее, останатите се должни да прекинат со работата и да се придружат на пеачот. 5. Доколку некој работник заспие на работа, останатите работници се должни во тишина да го покријат и да ги напуштат работните места како не би му сметале, но за тоа имаат право на паричен надомест како да работеле. 6. Во отсуство на шефот, работниците имаат право на организирање забава на товар на претпријатието. Трошоците, како и евентуалните штети се покриваат од добивката на претпријатието. 7. Паузата за доручек трае од 10:30 до 13:30, без право на било какво скратување или некористење. 8. Ако во работното време трае некоја серија (нпр. \"Кога ќе бидеш моја\", \"Качора\", \"Фиорела\" или реприза на некоја емисија која работникот не ја гледал претходната вечер, претпријатието е должно да обезбеди ТВ приемник со минимална големина на екран 70 см, за да овозможи следење на истата со паричен надомест за работникот како да работел. Ако работникот ја следи емисијата и истовремено врши било каква друга работа (одговара на телефонски повик, подредува документи и сл.) надоместокот се удвојува. 9. За смена на шефот потребна е петиција со потписи на 2 (два) работника или само еден посилен работник, кој може да дејствува без потпис. 10. Во согласност со позитивните законски прописи, работникот може да го замоли шефот да ја доврши работата наместо него и да му биде на услуга (нпр. да му го додаде пивото од замрзнувачот - фирмата е обврзана да обезбеди замрзнувач кој не користи фреон, со најмала зафатнина од 8 литри по работник). 11. Доколку шефот е од женски род, машките работници се должни при секое поминување да и дадат до знаење со своето однесување дека е предмет на нивниот разговор (нпр. со свиркање, благо тапкање по задникот, \"добра, добра\" итн). Истата е должна да применува соодветни диети и да носи исклучиво миничи и подвезици. Во случај на здебелување или утка во гардеробата три дена по ред, шефицата се отпушта од работа без образложение. Критериумите за големината на градите и задникот, ќе бидат пропишани од самата организација. 12. Ако работникот од фирмата се жени (мажи), фирмата е должна да му (и) обезбеди чеиз со висина од една годишна просечна плата и ги превземе сите трошоци од момaчката/девојачката вечер, како и 85% од свадбените трошоци. Фирмата на тој ден престанува со работа на неколку дена. 13. Крајот на работното време е во 14:30. Работниците ја напуштаат работата пропратени со тактови од музика предвидена за овој настан. Шефот е должен да се заблагодари на секој посебно за работниот придонес со искрено ракување. 14. Портирот е должен на секој работник пред излез од кругот на фирмата му ја прегледа торбата. Доколку не најде ништо, должен е работникот да го врати во фирмата како овој би можел да земе нешто за себе. На постарите работници овие работи им се носат на домашна адреса со службено возило на претпријатието, под услов нивната тежина да е поголема од 2 кг. Ако работникот не е способен да ја носи тежината наведена во претходниот пасус, треба за тоа да приложи лекарско уверение. 15. Доколку работникот во текот на ноќта сонува за работата, фирмата е должна да плати надомест за ноќна работа. 16. Строго се забранува било какво цинкарење од колегите при швалерација во и вон рамките на организацијата, на вработен или вработена. 17. Покрај дневен печат, во вторник и петок работодавецот мора да обезбеди билтени од најмалку три кладилници, за непречено одвивање на кладењето и избор на најповолни коефициенти. 18. Ако се примети дека вработен се однесува чудно (работи многу брзо, се оптоварува со работата и не ја користи паузата во целост, или недај боже годишниот одмор), треба веднаш да се пријави кај претпоставените и јавно да се укори пред сите вработени (за многу големи фирми, може да се обеси неговата слика во А4 формат на огласната табла, со натпис ШУГА). Истиот треба да биде игнориран се додека не се поправи.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »