речник контакт

Предновогодишно три тепачки во Велес

Полицијата во петокот со полни раце работа

Петар Печков

СВР Велес, преку портпаролот Верољуб Додевски, информираше за три тепачки кои се случиле во петокот во Велес.

На 27.12.2019 во 15.45 часот во СВР Велес било пријавено дека во објект на езерото „Младост“ по претходна расправија дошло до нарушување на јавниот ред и мир при што три лица физички нападнале две лица, по што го напуштиле местото на настанот.

На 27.12.2019 околу 17.40 часот во СВР Велес било пријавено дека во училиште во Велес по претходна расправија дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу неколку малолетни ученици на 16 и 17 годишна возраст.

На 28.12.2019 околу 04.30 часот  во СВР Велес било пријавено дека пред дискотека во Велес дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две лица од Велес. 

Во писмената информација, СВР Велес најавува дека се преземаат мерки за расчистување на сите три случаи.

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »