речник контакт

Предупредувачки штрајк на судската администрација

Два часа дел од дактилографите, стручните соработници, администрацијата од велешкиот суд не работеа

Петар Печков

Од 10,30 до 12,30 часот  дел од судската администрација одржа предупредувачки протест пред зграда на Основен суд Велес.

Дактилографите, стручните соработници, административците не работеа. Ова е нивна реакција  по Законот за судска служба, кој е донесен   во февруари годинава и како што нагласуваат, крајно е штетен и демотивирачки за вработените во судската служба.

 И додека дел од администрација протестираше, дел од нив беа во судниците.  Нагласија  дека работата по судските предмети се одвива непречено, и службениците кои се ангажирани на одредени дела, останале во  судниците во периодот, додека трае протестот.  

Штрајкот е во организација на Здружението на судската администрација и Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ). 

АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »