речник контакт

Пред патарина Отовица, во автомобил откриени 10 мигранти

При акцијата дошло до судир на возилото со мигранти и полициското, биле повредени двајца полицајци и двајца мигранти

Петар Печков

Саботата наутро полицијата бркајќи  возило, за кое се сомневале дека превезувал мигранти, дошло до сообраќајка. Во возилото биле откриени 10 лица од Авганистан а во сообраќајката повредени се двајца полицајци и двајца мигранти.

На 21 декември  околу 4.50 часот, пред патарина Отовица - Велес, во координирана акција било сопрено патничко моторно возило „фолксваген фејтон“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.С. (24) од село Студеничани, скопско, во кое биле превезувани 10 лица мигранти од Авганистан. При застанување на возилото дошло до судир со полициското возило „ландровер“, при што со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници и двајца мигранти, кои биле префрлени во Општа болница Велес. Околу 6  часот, на локалниот пат за Отовица, биле лишени од слобода Б.И.(19), кој управувал патничко возило „сеат“, со скопски регистарски ознаки, и сопатниците Б.В.(28) и А.И.(23), сите од Скопје, поради сомнение за поврзаност со настанот, по што биле приведени во Полициската станица Велес за понатамошна постапка - информираа од МВР. 

За случајот е известен Јавен обвинител, а по комплетно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Пронајдените мигранти се префрлени во Прифатно - транзитниот центар „Винојуг“, Гевгелија.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »